Centar.mk
СВЕТ

Етиопија ја потврди првата епидемија на вирусот Марбург

Етиопија потврди прва епидемија на вирусот Марбург, откако девет случаи биле идентификувани, меѓу кои и здравствени работници. Примероците од сомнителни случаи биле позитивни, а инфекцијата ја предизвикува истиот сој што претходно се појавил во источна Африка.

СЗО и Африканскиот центар за контрола на болести испратиле брза помош, медицинска опрема и изолациони шатори, додека властите работат на спречување на ширење на болеста преку границите. Вирусот е многу заразен и често смртоносен, со симптоми како висока температура, главоболка, болки во мускулите и тешко крварење.

За болеста нема одобрен лек, а здравствените власти на Етиопија и Јужен Судан соработуваат за контрола на епидемијата. СЗО издвоилa 300.000 долари за итна поддршка./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

C +

Брод со мигранти бегаше од турската крајбрежна стража, па потона: најмалку 18 мртви

C +

„ОАЕ сакаат да го отворат Ормускиот теснец, се подготвуваат за војна“, објави „Волстрит журнал“

C +