Centar.mk
фото илустрација/АИ
МАКЕДОНИЈА

Тешка особраќајка меѓу две возила – поеќе повредени, меѓу кои жени и дете

На 14.11.2025 во 21:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(33) од с.Морани, општина Студеничани и патничко возило „опел“ управувано од Д.М.(45) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 30-годишната С.К. од с.Морани, сопатничка во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобил 10-годишник од с.Морани, сопатник во истото возило, како и возачот Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК