Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тешка, но и скапа сообраќајка во Скопје, откако се судрија голф и порше – Повеќе лица завршија во болница

Денеска (15.11.2025) во 00:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Словенија“ и стар Качаначки пат во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(36) од с.Брест, скопско и патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(43) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на голф, а со телесни повреди се здобил возачот на порше и неговите сопатници лице(43) и 16-годишник, двајцата од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК