Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Крадци со пиштоли и секири се обиделе да ја ограбат продавницата на Шанел во Париз

Крадци вооружени со пушки и секири денеска околу пладне се обидоа да ја ограбат продавницата „Шанел“ на авенијата Монтењ во Париз, една од најпрестижните улици во француската престолнина, каде што се концентрирани најголемите луксузни брендови.

Сторителите носеле шлемови и полициски ленти обидувајќи се да ги измамат или заплашат вработените и користеле скутери за да упаднат во продавницата.

Сепак,обезбедувањето успеало да ја спушти безбедносната врата, принудувајќи ги крадците да се откажат од својот план и да избегаат. Полицијата сè уште ги бара.

Ноќта меѓу 1 и 2 октомври годинава, беше ограбена друга продавница на „Шанел“ во Париз. Во таа кражба, сторителите успеале да украдат луксузна кожена галантерија вредна 575.000 евра пред да побегнат. Помалку од една недела по тој настан, 32-годишен Аргентинец и 27-годишен Шпанец биле уапсени и обвинети за организирана кражба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Гринкевич: НАТО ќе се справи во Европа и со помалку американски војници

C +

Голема рација во Рим: уапсени 14 лица поврзани со мафијашки кланови

C +

ФБИ ја обвинува администрацијата на Бајден дека „седела на докази“ за цевните бомби пред Капитол

C +
error: Соддржината е заштитена.