Centar.mk
СВЕТ

Турски пилот загина во Хрватска, а преживеа пад на авион пред 2,5 месеца

Авионот „Ер Трактор АТ-802“ се урна во близина на Сењ, додека беше на повратен лет помеѓу Риека и Загреб, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.

45-годишниот пилот, Хасан Бахар, почина. Тој е истиот пилот кој го преживеа падот на противпожарниот авион во округот Јатаган во Мугла, северозападна Турција, на 29 август оваа година.

Пријавата за исчезнување на авионот од радарот од Хрватската контрола на воздушната пловидба била регистрирана во 16:53 часот, а во 17:11 часот била примена пријава за падот и пожарот.

Спасувачите многу брзо пристигнале на местото на падот. Пожарот бил локализиран околу 18:00 часот, а пожарникарите го забележале јагленисаното тело на пилотот.

Објавен идентитетот на загинатиот пилот
Турските медиуми објавија дека 45-годишниот пилот Хасан Бахар загинал во падот на авионот „Ер Трактор АТ-802“ во близина на Сењ.

Бахар го преживеа падот на противпожарниот авион во округот Јатаган во Мугла, северозападна Турција, на 29 август. Тој се здобил со повреди и бил однесен во болница, каде што го посетил гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Арапските земји бесни на Иран

C +

Нетанјаху: Војната со Иран не е ни блиску до крај, но за сè одлучува Трамп

C +

Макрон се сретна со Маѓар: Почна нова ера за Унгарија и за нашата Европа

C +