Centar.mk
СВЕТ

Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.

„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24. состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.

Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ – Незадоволството се шири низ Европа

ДЕСК

РУСКИОТ ВЕСНИК „НОВАЈА ГАЗЕТА“ НАЈАВИ ЗАТВОРАЊЕ – Уредништвото зборува за притисоци

ДЕСК

ШПАНИЈА ПРЕД НОВИ ТЕШКИ ПРАШАЊА – Меѓу жртвите и повредените може да има државјани на 27 земји

ДЕСК