Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Министерот за здравство на Романија најавува истраги по смртта на девојче кај стоматолог

Министерот за здравство на Романија, Александру Рогобете, објави дека Државната санитарна инспекција и контролното тело ќе спроведат административни проверки откога двегодишно девојче почина синоќа во стоматолошка ординација во Букурешт кога доживеа кардиореспираторен застој за време на интравенска анестезија.

Романскиот министер изјави дека прелиминарните информации укажуваат на можно доцнење помеѓу моментот на срцев застој и повикот на бројот за итни случаи, но нагласи дека оваа информација се зема со резерва и дека попрецизни податоци ќе бидат достапни кога ќе заврши истрагата, објави „Диги 24“.

Рогобете објасни дека административните проверки ќе вклучуваат усогласеност со прописите и минималната опрема на ординацијата, а медицинската комисија испитува дали имало елементи на медицинска небрежност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Британски воени лекари со падобрани стигнаа на изолиран остров поради сомнеж за хантавирус

C +

Независни руски медиуми: Во војната во Украина загинале околу 352.000 руски војници

C +

Иран подготвува нов закон за премин низ Ормутскиот теснец

C +