Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Александар Трајановски ќе го номинирам за потпретседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор.

„Сакам да најавам дека на потпретседателската позиција ќе го номинирам докторот Александар Трајановски, кој моментално е член на извршниот одбор, исклучително посетен човек на партијата, човек кој има одлична кампања, влече многу внимание и сметам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на ова ниво на партијата“, потенцираше Филипче.

Тој информираше дека на Извршниот одбор ќе бидат соопштени и други кадровските и политички промени во СДСМ.

„Како што реков и претходно, внимателно одиме низ свој процес. Барам трпение од членовите и симпатизерите“, додаде Филипче.

Филипче најави дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите следни чекори што ќе произлезат од внатрепартиските процеси.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Позитивните економски параметри, потврдени и од Евростат, им сметаат на СДСМ, затоа што нивно време граѓаните живееја потешко, економијата стагнираше, инфлацијата рушеше рекорди

ДЕСК

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ТРЕШТИ НЕБОТО: Следува променливо и нестабилно време

ДЕСК

СЕ КРЕНАЛА ВРЕВА ВО ВИЗБЕГОВО: По расправија дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи

ДЕСК