Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес од 5,7 степени го погоди Кипар, предизвика одрони во близина на Пафос

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска околу 10:30 часот по локално време ја погоди територијата на Кипар, со епицентар во близина на градот Пафос, на длабочина од околу 17 километри.

Сведоци изјавиле дека земјотресот предизвикал одрони во областа околу селото Полеми, каде што бил почувствуван најсилно.

„Карпи и камења се стркалаа низ ридот“, изјавиле мештани.

Граѓаните, уплашени од тресењето, во паника излегле на улиците, а многумина пријавиле дека се треселе куќите и мебелот.

„Целата куќа се тресеше, беше страшно“, сведочи жителка на селото.

Земјотресот бил почувствуван и во околината на Лимасол, каде што жителите пријавиле дека се нишале лустери и мебелот вибрирал.

По првиот удар, уследиле уште неколку помали потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,7 степени.

Кипар се наоѓа во сеизмички активен регион, а последниот посилен земјотрес со јачина од 6,8 степени се случил во 1996 година, кога загинаа неколку лица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +