Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Христоски: Време е да се обединиме, СДСМ се бори за секој поединец, за секој дом, за секој град,

СДСМ мора, може и ќе биде движечка сила на промените – државотворна партија што ја носи Македонија во ново време, пишува поранешниот градоначалник на Крушево од редовите на СДСМ, Томе Христоски.

„СДСМ мора да биде партија во која секој член ќе се чувствува слушнат, почитуван и вреден. Партија што ќе биде коректив на власта, но никогаш нечиј привезок за поткусурување или лични интереси. Време е да се обединиме, да ја подигнеме главата и да покажеме дека СДСМ живее, дише и се бори за секој човек, за секој дом, за секој град, за секое населено место. Најбитно од се е дека се враќа критичната мисла, слободата и еднаквоста! Време е повторно да веруваме – во себе, во СДСМ и во Македонија“ се наведува во неговата објава.

Според него, во партијата треба да се врати победничкиот дух, а тоа може да се стори само со внатрепартиско обединување и суштинска, вредносна промена во партијата.

„Само искрено посветени, рамо до рамо со секој вистински член, секој поддржувач на структурните нови политики, идеи, мислења во одбрана или во служба на сите сограѓани. Целта е едноставна да го вратиме победничкиот дух, да ја промениме сликата во денешното и идното време каде СДСМ е фактор на на стабилност и сигурност“ вели Христоски.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК