Centar.mk
РЕГИОН

Борисов: Имаме предложено име за посебен управител во ‘Лукоил’, чекаме Радев да се изјасни

Чекаме претседателот Радев да донесе одлука – да стави вето или да го усвои законот, имаме име за посебен управител во Лукоил, тоа е договорено со партнерите, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во парламентот.

Според него, единствената улога на шефот на државата е да стави вето на законот или да го донесе, а не да дава совети.

„Знам зошто го направи тоа, беше иритиран од писмо што му го испратив доверливо“, рече Борисов, без да даде детали.

„Можам да го уверам претседателот Радев дека секоја акција што ја преземаме е координирана со Европската комисија, OPAC и Министерството за енергетика на САД. Затоа, сè што барам е да проговори“, додаде Борисов, цитиран од БГНЕС.

Според него, доколку Радев не стави вето, веднаш ќе биде назначен управител.

„Сè е во ред – имаме бензин шест месеци, дизел четири, керозин два месеци“, објасни понатаму лидерот на ГЕРБ.

Борисов беше категоричен дека Пеевски нема да ја земе рафинеријата, исто како што нема да ја земат Кирил Петков и Асен Василев./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +

ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Српската влада одлучи да забрани извоз на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони

ДЕСК