Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шестмина кратовчани ќе одговараат пред Законот затоа што полицијата констатирала дека недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина на натпреварот ФК Силекс и ФК Шкупи

На 10.11.2025 на стадионот во Кратово, за време на одигрување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, полициски службеници од ОВР Кратово констатирале прекршоци од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари. Имено, за време и по завршување на натпреварот, констатирано е дека шестмина кратовчани недолично се однесувале и извикувале пораки и скандирања со навредлива содржина.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

ДЕСК

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК