Centar.mk
СВЕТ

Се урна турски воен авион во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија

Турски воен товарен авион се урна денес во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „АП њуз“.

Министерството објави на социјалните мрежи дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција. Сè уште не е познато колку членови на екипажот биле на авионот. Започната е операција за пребарување и спасување во координација со азербејџанските и грузиските власти, соопшти министерството.

Воените товарни авиони Ц-130 се широко користени од турските вооружени сили за транспорт на персонал и логистички операции. Турција и Азербејџан одржуваат тесна воена соработка.

Видео кое наводно го прикажува моментот на несреќата беше емитувано на турската приватна телевизија НТВ и други медиуми. Снимките покажуваат како авионот остава трага од бел чад зад себе./Извор:Мakfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

C +

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +