Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски потврди дека се повлекуваат две инвестиции – Не е крај на свет, вели тој

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска потврди дека ќе има компании кои што ќе затворат свои погони.

Тој за медиумите во изјавата од Охрид, порача дека не е крај на светот најавата на двете американски компании кои најавија заминување од индустриската зона Бунарџик.

– Ќе има компании кои се отвораат и затвораат, и домашнии странски и тоа не треба да се сфаќа како нешто кое претставува крај на светот. Ние како Влада се трудиме да привлечеме што е можно повеќе комании. Веќе сме во преговори, па очекувам до крајот на годината четири или пет компани веќе да потпишат договор со Владата. Очекувам повеќе од 1.000 работни места кои би се креирале. Ќе има нови компании, ние како Влада сме тука да работиме за граѓаните и државата и верувам дека сме едни од најконкурентните во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку од Македонија си заминуваат “Аптив” и “Дура”.

Загрижува и фактот што и други компании значително го намалуваат бројот на вработени, а најавите и шпекулациите за тоа што следува во 2026-та се многу лоши.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК