Centar.mk
СВЕТ

Вулкан на Хаваи почна да исфрла лава

Денес, Американскиот геолошки завод ја регистрираше ерупцијата на лава од отворот во кратерот на вулканот Килауеа на Хаваи.

Растопената карпа останува во рамките на Националниот парк Хавајски вулкани и не претставува закана за домовите или инфраструктурата, според соопштението, објавува „Јуронјуз“.

Килауеа исфрла лава во редовни интервали од крајот на минатата година, а научниците забележуваат дека магмата го следи истиот подземен пат до површината.

Вулканот се наоѓа на островот Хаваи, околу 320 километри јужно од главниот град Хонолулу./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХАОС СО АВИОНИТЕ ВО САД – „Јунајтед ерлајнс“ пријави голем системски дефект, дел од летовите не можат да полетаат

ДЕСК

САД СО БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА – Американските амбасади повикуваат на зголемена внимателност пред празниците

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДОБРИ РЕКОРДНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА – Речиси 8 милијарди евра за Киев

ДЕСК