Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Четиридневна прогноза – Познато е кога да очекуваме стабилизација на времето

И денеска времето ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи.

Локални врнежи ќе има и во вторник во претпладневните часови .

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

Прогноза за 11.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.11.2025
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 13.11.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК