Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Благајничка во јавно претпријатие во Кавадарци си зела 568.684 денари – полицијата и затропа на врата

Како што соопшти МВР, ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”.

Според МВР,пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието.

Полицијата информира дека дел од парите од дневниот промет од наплатните пунктови по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии, кои и биле доверени во службата, не ги внесувала на банкарска сметка на претпријатието, односно дел задржувала за себе. Од МВР истакнуваат дека осомничената останатиот дел го внесувала на сметката и на тој начин што го оштетила јавното претпријатие за наведената сума.

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК