Centar.mk
Фото Министерство за земјоделие
-БИЗНИС

Трипуновски нема да си поднесе оставка

– Опозицијата повикува на моја оставка, но сакам да потенцирам дека агенцијата е посебна институција, која што има посебен менаџмент, посебно управувачко тело кое што работи согласно нивниот план и активности така што не гледам никаква поврзаност затоа апелирам дека овој случај треба да се истражи до крај и доколку има одговорност да се делува согласно законот и процедурата, истакна денеска на прес конференција Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Ова доаѓа по апсењето на актуелениот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството поради земање мито.

Во акцијата за апсење паднаа 5 лица, од кои четири завршија во притвор, меѓу кои и лицето кое дало поткуп.

Можеби ќе ве интересира

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ВО РКЕ: Повторно поскапување на дизелот

ДЕСК

ОКТА го продолжува попустот од три денари за дизел и два денари за бензините по литар, до крајот на месецот

ДЕСК