Centar.mk
СВЕТ

Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џјинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.

„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот USS Gerald R. Ford. Со тоа се овозможува полетување авиони со поголем товар и поголем дострел.

Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија бара прекин на огнот, а истовремено ја напаѓа Украина

C +

Трамп: Конфликтот со Иран може да трае две до три недели, САД веќе победија

C +

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран, а сега го доби она што го сакаше

C +