Centar.mk
СВЕТ

Словачка ја разгледува Полска како нова рута за увоз на гас

Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас.

По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни.

Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. Двајцата лидери ја истакнаа важноста од инфраструктурното поврзување и имаат усогласени ставови за миграцијата и безбедноста во рамките на НАТО./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +