Centar.mk
СВЕТ

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат мировниот план на претседателот Доналд Трамп за Газа, кој вклучува распоредување на меѓународни стабилизациски сили, соопшти американската мисија во ОН.

Амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц, ги собра десетте членки на Советот за безбедност и неколку регионални партнери – Египет, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Турција – за да разговараат за нацрт-резолуцијата. Портпаролот на американската мисија рече дека Вашингтон покажува „регионална поддршка“ за предложениот текст.

Иако датумот за гласање сè уште не е одреден, нацрт-резолуцијата „го поздравува формирањето на мировен совет“ со кој претседава Трамп, кој ќе ја надгледува преодната влада во Газа.

Документот, исто така, „ги овластува Меѓународните сили за стабилизација“ (ISF) наведени во мировниот план на Трамп од 20 точки, изјави портпарол на американската мисија.

Неколку земји, вклучувајќи ја и Индонезија, веќе изразија подготвеност да учествуваат во силите, но инсистираат на мандат од Советот за безбедност на ОН пред да испратат трупи на палестинска територија, изјавија дипломатски извори.

„Благодарение на храброто водство на претседателот Трамп, САД повторно ќе постигнат резултати во ОН, а не бесконечни дискусии“, изјави портпарол на американската мисија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК