Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-ЛОКАЛНО

Герасимовски додели 82 стипендии до 3500 денари месечно на најдобрите ученици: Вие сте гордоста на Центар!

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата. Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените критериуми покажале највисоки резултати и успеси на државните и меѓународните натпревари.

„Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг момент. Ретка прилика да ги видиме младите уметници на дело, секој ученик со својата изведба и со својот автентичен талент. Вистинско задоволство за душата. Вчера доделивме 44, а денеска 38 стипендии. Овие стипендии се мотивација и финансиска поддршка за овие млади луѓе да ја покажат својата дарба пред македонската и светска публика, да се афирмираат и да ја претстават нашата општина во најубаво светло. Нивните успеси се наша најголема радост. Општина Центар продолжува да вложува во младите, во образованието, во гордоста и иднината на Центар“, вели Герасимовски.

Стипендиите до 3.500 денари месечно ќе се исплаќаат до крајот на тековната учебна година, како поддршка за постигнување успеси и резултати. Оваа активност се реализира по повод Денот на општината.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата пронајде бомба со жица врзана за возачката врата во автомобил во куќа во Чаир – претходно газдата лој бил во странство добил заканувачка порака

ДЕСК

Пожар во фабрика во Скопје

ДЕСК

Повторно гореа автокмобили во Скопје

ДЕСК