Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

Девојка нападнала полицаец со нож во Белград, тој ја застрелал во ногата

Во центарот на Белград, пред полициската станица Савски Венац, рано утрово околу 4 часот, 24-годишна државјанка на Босна и Херцеговина со нож нападнала полицаец на должност, кој потоа ја ранил во ногата, дознава српски Телеграф.

Според српските медиуми, инцидентот се случил на влезните скали на станицата. Полицаецот прво се обидел да избегне повеќекратни напади и да ја совлада девојката, но таа не се откажала од нападот и покрај неговите предупредувања. За да се одбрани, полицаецот бил принуден да го употреби службениот пиштол и ја застрелал во ногата.

Девојката е однесена во болница
Девојката по инцидентот веднаш била однесена во Военомедицинската академија (ВМА). Според првичните информации, таа е свесна, комуникативна и претрпела повреда на долниот екстремитет. Полицијата спроведе истрага на лице место. Мотивот за нападот врз службеното лице засега е непознат и ќе се утврди за време на детална истрага што ќе ја спроведат надлежните органи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија

C +

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

C +

Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

C +