Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на загинатите – МВР со детали за тешката сообраќајка

Вчера во 16 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека на патниот правец Градско – Прилеп, кај село радобил се случила тшека сообраќајка меѓу возило киа со радовишки таблички управувано од О.О.(31) од село Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од село Дреново, кавадаречко.

Полицијата информира дека од повредите на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с ело Дреново, кавадаречко.

Откако лекарот констатирал смрт, обвинител наредил обдукција.

МВР ифнормира дека во тешката сообраќајка се повредени уште пет лица, и тоа две од возилото со радовишки таблички на возраст од 24 и 31 година, додека три лица од возилото марка киа со кавадаречки таблички и тоа на возраст од 28, 53 и 31 година, сите жители на Дреново.

Можеби ќе ве интересира

Во следните денови заладување и врнежи од дожд и од снег

C +

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

C +

(Видео) Комеморацијата заврши со „63 ангели”, песна за згаснатите животи

C +