Centar.mk
СВЕТ

Украинците нападнаа елитна руска единица во Црното Море

Украинската морнарица објави успешен напад врз елитна руска единица на специјалните сили стационирана на нафтената платформа Сиваш во Црното Море.

Во операцијата, уништена е руска опрема за извидување и надзор, а елиминиран е и екипажот на противтенковските ракети.

„Покрај уништувањето на руската опрема за извидување и надзор, елиминиран е и екипажот на противтенковските ракети на непријателот“, се вели во соопштението на морнарицата.

Како доказ, објавено е и видео од операцијата со беспилотни летала, иако „Киев пост“ не можеше независно да го потврди времето и локацијата на нападот.

Од друга страна, руските пропагандисти се обидоа да го прикажат инцидентот како победа, споделувајќи видео на кое наводно се гледа уништувањето на украински брод од беспилотно летало „Лансет“. Украинската страна тврди дека всушност успешно е употребен камиказе дрон./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија предлага нов пакет санкции против Русија

C +

Европската комисија бара промени на „Тик-ток“: „Предизвикува зависност, особено кај децата“

C +

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК