Centar.mk
photo created by AI
СВЕТ

Голема полициска операција во Италија против банда која ограбувала банкомати

Од раните утрински часови во италијанската покраина Нуоро, во тек е голема полициска операција против членови на банда која, според обвинувањата, е специјализирана за вооружени и експлозивни напади врз комбиња за транспорт на пари и банкомати.

Во операцијата беа ангажирани околу 100 полицајци, кои спроведуваат налози за притвор и претрес на неколку локации низ областа Нуора, објави „Анса“.

Јавното обвинителство на Нуора свика прес-конференција во седиштето на полицијата во 11:30 часот за да презентира дополнителни информации за операцијата и апсењата.

Повеќе детали за идентитетот на осомничените и запленетите предмети се очекува да бидат објавени подоцна./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место

C +

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

C +

Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб

C +