Centar.mk
ПРОМОБИЗНИС

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %, Капитални производи за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 4.8 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, се намалил за 3.7 %.

Можеби ќе ве интересира

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Халкбанк со донација на компјутерска опремаја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

ДЕСК

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.