Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: По сериозна тепачка, почина живетел на Богданци – наредена обдукција

На 01.11.2025 во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново. Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.

Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК