Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци, вкупно шест градоначалници досега

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вечерашната прес-конференција, изјави дека во вториот круг од локалните избори, според обработените податоци СДСМ победи во општините Центар, Македонска Каменица и Зрновци односно досега вкупно шест.

„Им честитам на граѓаните за достоинственото гласање во вториот круг на локалните избори. Според досега обработените податоци, покрај освоените три градоначалнички места во првиот изборен круг, СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци, досега тоа се вкупно шест градоначалници. Очекуваме конечни резултати од уште неколку општини каде разликата е многу мал број на гласови. Им честитам на сите избрани градоначалници од сите политички партии.“ рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче укажа дека во изминатите две недели од вториот круг од локалните избори, се вршеше огромен притисок во сите општини каде што СДСМ имаше кандидати.

„Во изминатите две недели, во очи вториот круг на изборите, се вршеше огромен притисок на сите кандидати на СДСМ во сите 17 општини каде што влеговме во вториот круг. Не се бираа ниту средства, ниту методи, и тоа само говори дека се соочуваме повторно со истата деструктивна власт на ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, која што практично ги злоупотребува сите институции што им се под контрола“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК