Centar.mk
БИЗНИС

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании.

Забраната, која ја усвои парламентот, се однесува и на испораките кон други земји членки на ЕУ, а нејзината цел е да се спречи недостиг на гориво во земјата. Санкциите што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе против „Роснефт“ и „Лукоил“ поради војната во Украина се однесуваат и на бугарската рафинерија „Лукоил Нефтохим“, која е единствена во земјата.

Рафинеријата, која се наоѓа во близина на Бургас на Црното Море, е подружница на „Лукоил“. „Лукоил“ во Бугарија поседува и бензински пумпи. Комисијата за буџет и финансии на бугарскиот парламент наведе дека забраната за извоз е неопходна за да се обезбеди енергетската иднина на земјата и стабилноста на домашниот енергетски пазар./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

ДЕСК

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК