Centar.mk
Uncategorized

Се бара притвор за скопјанец откако преку пораки и се заканувал на поранешната девојка, а потоа дошол и пред клиниката каде таа била хоспитализирана и се заканил дека ќе го убие нејзиниот брат

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 33-годишен скопјанец за продолжено загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 5 до 30 октомври, осомничениот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, упатувајќи сериозни закани дека ќе нападне врз животот на неговата поранешна партнерка.

Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој и се заканувал, вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од домот на осомничениот, бидејќи била постојано изложена на закани и навреди.

На 30 октомври, осомничениот започнал агресивно да се однесува пред една клиника каде оштетената била сместена на лекување и се заканил дека ќе го убие нејзиниот брат. Почнал да ја тегне за рака оштетената и да ја принудува да оди повторно со него во неговиот дом, со што кај неа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

Обилните врнежи на дожд направија многу проблеми низ Македонија – Каде е најкритично вечерва?

ДЕСК

Полицијата удри на повеќе локации во Скопје: Приведени пет лица

ДЕСК

Нова измама на социјалните мрежи – маж “олеснет” за 2.000 евра откако кликнал линк на реклама за наводна странска банка

ДЕСК