Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Оваа фотографија е илустрација генерирана со помош на вештачка интелигенција (AI).
ЛОКАЛНО

Од денеска на полноќ почнува изборен молк за вториот круг од Локалните избори 2025

Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување.

При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Агенцијата очекува сите медиуми, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Страшна злоупотреба и кривично дело е обелоденувањето на мојот матичен број – утре може некој друг истото да ви го направи и вам

ДЕСК

Герасимовски: На 13 декември ја отвораме новата сала „Работнички“ – гордоста на Центар

ДЕСК

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

ДЕСК