Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: На 13 декември ја отвораме новата сала „Работнички“ – гордоста на Центар

„Условите во градинките и училиштата се значително подобрени. Имаме реконструкции во сите градинки и училишта, нова градинка во Пролет, доградба во „Коле Неделковски“. Инфраструктурата исто така е многу подобрена, реконструирани се 23 улици за еден мандат“. Ова го истакнува кандидатот за втор градоначалнички мандат од редовите на СДСМ Горан Герасимовски во интервјуто за медиумот „Пари“.

Тој потенцира дека значително е подобрен животот на пензионерите, со три нови пензионерски домови, низа социјални услуги и финансиска поддршка за оние со ниски примања, бесплатни екскурзии и низа поволности.

„Возрасните се категорија за која многу се погриживме, затоа што имаме исклучително висок процент на возрасни лица во Центар. За младите вложивме многу во културата, буџетот го зголемивме тројно. Имаме низа настани и концерти, но и реална поддршка како платена пракса во Општината, поддршка за невладините организации и слично. Во спортот исто така вложивме многу, на 13 декември ќе ја отвориме новата сала „Работнички“, гордоста на Центар, капитален проект од огромно значење кој е во завршна фаза. Но, секако дека има уште многу што да се заврши, и затоа ја барам поддршката да продолжиме чесно, посветено и во вториот мандат да направиме целосна трансформација на општината“, порачува Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека во понеделник шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации и операторите во Дирекцијата на претпријатието нема да работат

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес се приклучи на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК

Герасимовски: Работнички добива модерна ФИБА сала, паркетот се поставува, се монтираат семафорите

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.