Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција , порача дека кандидатите за градоначалници на СДСМ кој влегуваат во вториот круг од локалните избори се чесни, посветени и покажаа што значи да се има директен контакт со луѓето и да се води фер кампања.
„Покажаа што значи искрена борба, чесна борба, покажаа што значи директен контакт со граѓаните, покажаа што значи да се направат програми врз основа на сугестии, предлозите на граѓаните од своите средини и навистина истрчаа, би рекол, една добра кампања.Порачувам до граѓаните дека гласаат за чесност, за отчет и за луѓе со одговорност и резултати за себе“, рече Филипче.
Тој додаде, дека градоначалниците на СДСМ се добро препознанени во своите средини и ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните и развој на општините.
„Граѓаните добиваат градоначалници кои ќе работат исклучиво во нивни интереси и кои ќе одговараат пред нив, пред граѓаните. Овие градоначалници нема да работат за мене, нема да ми одговараат на мене, поради тоа што, треба да им одговараат на луѓето кои ќе ги бираат и ги гласаат“, рече Филипче.
Сите кандидати за градоначалници на СДСМ, како што кажа Филипче, нудат реални програми кои се за граѓаните и програми што можат да се испорачаат.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=3JSpyYPJ8j8
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...



