Centar.mk
СВЕТ

„Фајненшл тајмс“: По напнат телефонски разговор, бил одложен состанокот помеѓу Трамп и Путин

САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин поради цврстиот став на Москва за условите околу Украина, објави „Фајненшел тајмс“.

Одлуката уследила по напнат телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по кој Рубио го информирал Трамп дека Русија не покажува подготвеност за преговори.

Самитот требаше да се одржи во Будимпешта, но Москва инсистирала на барања кои вклучуваат територијални отстапки од Украина, намалување на украинската војска и гаранции дека земјата никогаш нема да се приклучи на НАТО.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Киев е подготвен за мировни разговори, но нема да ги повлече трупите од дополнително ослободените територии, како што бара Москва/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ДИПЛОМАТСКИ КОНТАКТИ ЗА УКРАИНА – Локалното примирје кај Олешки под внимателно следење

ДЕСК

ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ ДОГОВОР ЗА МИР – Нов дипломатски обид за спречување војна со Иран

ДЕСК

ТЕШКА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА – Десетици загинати по судир на два воза

ДЕСК