Centar.mk
СВЕТ

Европската комисија: Новите тестови на оружје на Русија не се чекори во вистинската насока

Тестирањето на ракетата „Буревестник“ и торпедото „Посејдон“ од страна на Русија не е чекор во вистинската насока, изјави портпаролката на Комисијата, Анита Хипер.

„Ако тие навистина се нуклеарни, тие би можеле да шират радиоактивни супстанции“, додаде таа.

„Ова уште еднаш покажува дека наместо да избере мир, Русија продолжува со ескалацијата со својата реторика и дејствија“, додаде Хипер.

На прашањето дали овие обиди се закана за Европа, таа одговори дека Русија воопшто е закана за европската безбедност.

На прашањето за најавената намера на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со нуклеарните тестирања, што не е направено од 1990-тите, таа рече дека досега не е откриен таков обид од страна на САД и дека двете земји не треба да се изедначуваат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ВО ПОЛСКА – 19-годишна девојка загина, нејзиниот брат осомничен дека возел под дејство на алкохол

ДЕСК

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК