Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претреси и апсења во гостиварско

На 29.10.2025 во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија лице гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ.

Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на приведениот, при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал.

Мажот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК