Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Го санираме покривот на фискултурната сала на училиштето Песталоци, создаваме подобри услови за учениците

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, изврши увид во санацијата на покривот на фискултурната сала на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Со овој зафат се решава долгогодишниот проблем со протекување на покривот, поради што во објектот имаше оштетувања и влага.

„Санацијата опфаќа површина од 405 квадратни метри. Поставена е висококвалитетна изолација , камена минерална волна, која е одличен термоизолатор и обезбедува високо ниво на заштита од пожар. Врз неа е поставен пластифициран ребрест лим, материјал со висока издржливост и отпорност, кој овозможува долговечна и енергетски ефикасна санација на покривот,“ рече Герасимовски.

Покривот врз спортската сала повеќе од една деценија не беше саниран.

„Со оваа интервенција Општина Центар обезбедува подобри услови за учениците и наставниците, но и долгорочна заштита на објектот,“ додаде Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

СДСМ: Започна, доаѓаат „економски работници“

C +