Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

ЕВН Македонија учествуваше на 14-тиот Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој

30.10.2025, Скопје: Високи претставници на ЕВН Македонија земаа активно учество на 14-тиот Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, кој оваа година се одржа во Скопје под мотото „Од цели кон акција: Напојување на иднината со одржлива енергија“.
Настанот се организираше од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и петте регионални комисии на ОН.

На отворањето се обрати Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, која истакна: „Енергетската отпорност денес значи способност системот да издржи, да се прилагоди и да продолжи да функционира, дури и во услови на неизвесност и геополитички потреси.“

Тридневниот форум обедини над 500 учесници од 70 земји, вклучувајќи и претставници на влади, меѓународни организации, финансиски институции, како и експерти и претставници од бизнис зедницата.

Првиот човек на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер се обрати за време на сесијата посветена на „Финансирање на енергетската ефикасност и обновливите извори“. Тој истакна дека нема зелена транзиција без силни, паметни и модерни дистрибутивни мрежи.
„Не можеме да градиме зелена енергетска иднина на мрежа од 20-ти век. Надградените и модерни мрежи се суштински за интегрирање на обновливата енергија, но тоа доаѓа со многу висока цена. Затоа, меѓународните фондови, поволните заеми и стабилната регулаторна рамка се клучни за да се остварат неопходните инвестиции.“

Менаџерот во ЕВН Македонија Електроснабдување, г-дин Беркант Шен, зборуваше за улогата на ЕВН во развојот на инфраструктурата за полнење на електричните возила во државата, со што директно се придонесува кон забрзување на електричната мобилност и заштитата на животната средина.

Во фокусот на годинешната водечка глобална платформа за унапредување на одржливата енергија се енергетската транзиција, новите технологии и пазарот, производството на енергија, како и меѓународната соработка за енергетска сигурност.

Можеби ќе ве интересира

СРЕЌНА ВЕСТ: Почна исплатата на пензиите – Оваа наша банка ги исплати предвреме!

ДЕСК

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките

ДЕСК

Нова корекција на горивата денеска

ДЕСК