Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја испали крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот претседател Доналд Трамп и другите лидери се собираат во Јужна Кореја на регионални состаноци.

Крстосувачките ракети беа испукани вертикално и летаа околу два часа по однапред одредена рута за да ја погодат својата цел, објави севернокорејската новинска агенција KCNA. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не беше присутен на лансирањето.

Зборувајќи за лансирањето, Пак Џонг Чон, потпретседател на Централната воена комисија на Северна Кореја, рече дека „се постигнуваат важни успеси во практичниот развој на нуклеарните сили на Северна Кореја“ според планот утврден од владејачката партија во земјата.

Се очекува Трамп денес да пристигне во јужнокорејскиот град Гјонгџу за да им се придружи на другите шефови на држави и бизнис лидери кои учествуваат на форумот за азиско-пацифичка економска соработка на разни самити и состаноци. Се очекува тој да разговара со кинескиот претседател Кси Џинпинг подоцна оваа недела./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Туск го обвини Орбан дека е фасциниран од Москва

C +

Саркози под закана и зад решетки: затворениците сакаат одмазда за Гадафи

C +

Судир помеѓу автобус полн со ученици и автомобил: има загинати и повредени во Италија

C +