Centar.mk
СВЕТ

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

Полските борбени авиони МиГ-29 пресретнале руски авион Ил-20, кој извршувал извидувачка мисија во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море без поднесен план за лет и со исклучен транспондер, објави денес полската армија.

„Полските борбени авиони пресретнаа авион Ил-20 кој извршуваше извидувачка мисија во меѓународен воздушен простор, без поднесен план за лет и со исклучен транспондер“, соопшти армијата, објавија регионалните медиуми.

Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, се наведува во соопштението за медиумите.

„Благодарение на високата борбена готовност, професионализмот на пилотите и ефикасното функционирање на системот за противвоздушна одбрана, мисијата беше извршена брзо, ефикасно и безбедно.

Заштитата на полското небо не е само обврска, туку и секојдневна мисија на нашите војници кои ја чуваат безбедноста на нашата земја со целосна посветеност.

Вооружените сили на Република Полска остануваат во постојана готовност за да одговорат на секоја закана и да го заштитат суверенитетот на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Колапсот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

C +

Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд

C +

Од музејот Лувр украдени над 8.000 дијаманти и 200 бисери: Откриени нови детали за грабежот на векот

C +