Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Платила во туристичка агенција за патување 2.000 евра во кеш – ниту видела патување, ниту парите

На 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра.

Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови.

Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Д-р Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

ДЕСК

Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички

ДЕСК

Тепачка меѓу градежни работници во центарот на Скопје

ДЕСК