Centar.mk
РЕГИОН

Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум се повредени

Едно дете загина, а седум други се повредени, како и возачот на комбе, во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 3:30 часот наутро на автопатот Нови Сад-Белград, објавија регионалните медиуми во среда.

Детето родено во 2009 година почина на местото на настанот од повредите здобиени во несреќата, објави Радио телевизија Србија (РТС).

Седум други деца, родени помеѓу 2009 и 2012 година, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Детската болница во Нови Сад.

Возачот, исто така, е тешко повреден

Возачот на комбето, маж роден во 1982 година, исто така е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина.

Несреќата се случила кога комбето во кое се превезувале децата излетало од патот, пробило ограда и паднало во канал, објави Радио телевизија Војводина (РТВ)./Извор:Makfax

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија

C +

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

C +

Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

C +