Centar.mk
СВЕТ

Лавров: Русија е подготвена да даде гаранции за ненапаѓање на земјите членки на НАТО и ЕУ

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е подготвена да им даде на земјите членки на НАТО и Европската унија гаранции за ненапаѓање, нагласувајќи дека Русија нема намера да нападне ниту една од нив.

„Повеќепати сме порачале дека немаме намера да нападнеме ниту една сегашна членка на НАТО или ЕУ,“ рече Лавров на Евроазискиот безбедносен форум во Минск, додавајќи дека овој став може да биде дел од идните безбедносни гаранции за регионот.

Тој ги повтори критиките кон западните земји, обвинувајќи ги дека одбиваат вистински колективни безбедносни договори со Русија.

Лавров оцени дека дијалогот со лидерите на ЕУ е невозможен, бидејќи тие не прифаќаат заеднички безбедносни гаранции „со Русија, туку само против Русија“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.