Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и другите водотеци се должи на незадоволителното ниво на комунални услуги, особено во руралните средини. На ова претходеа видео снимки на кои може да се забележат илјадници пластични шишиња во реката.

Од ресорното министерство нагласуваат дека во овие подрачја е евидентно присуство на диви депонии на јавни површини, за чија санација и контрола се надлежни општините и нивните инспекциски служби.

Министерството и Државниот инспекторат за животна средина, како што се наведува, континуирано укажуваат преку ЗЕЛС на потребата од редовно следење на состојбите со управувањето со отпадот и засилено присуство на општинските инспектори на терен.

Во моментов, Државниот инспекторат е во фаза на подготовка на измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина, со цел воспоставување единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна контрола во оваа област.

Министерството апелира до општините, комуналните претпријатија и граѓаните за заедничка одговорност и делување во насока на зачувување на чистотата на реките и водните текови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК