Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ги прошируваме капацитетите на Јохан Хајнрих Песталоци, го санираме покривот и создаваме подобри услови за учениците

Кандидатот за нов градоначалнички мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, најави проширување на капацитетите на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

„Со зголемувањето на бројот на ученици, потребата за дополнителен простор стана приоритет. Затоа ќе инвестираме во проширување на капацитетите на училиштето со изградба на нови училници,“ рече Герасимовски.

Во програмата се предвидува и промена на фасадната столарија и подовите, како и партерно и хортикултурно уредување на дворот на училиштето.

Дополнително, по промената на кровот на училиштето, реконструкцијата на отворените игралишта и тековната санација на покривот врз спортската сала, „Ј.Х. Песталоци“ ќе биде целосно реконструирано.

Можеби ќе ве интересира

Се запали возило во Скопје

ДЕСК

Доколку вечерва се фаќате за волан, внимателно прочитајте ја оваа информација

ДЕСК

Повторените Локални избори 2025 завршија без нарушувања на јавниот ред и мир

ДЕСК