Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Русите знаат дека имаме нуклеарна подморница – најдобрата во светот – веднаш до нивниот брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета на нуклеарен погон „не е соодветна“.

„Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница – најдобрата во светот – веднаш до нивниот брег. Значи, не ни треба ракета што лета речиси 13.000 километри. Тие не си играат со нас, а ние не си играме со нив.

Постојано правиме ракетни тестови, но како што реков, имаме нуклеарна подморница – не треба да пукаме од таа далечина“, рече Трамп.

„Патем, тој треба да ја заврши војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела сега речиси влегува во својата четврта година. Тоа е она што треба да го прави, а не да тестира ракети“, додаде Трамп во разговор со новинарите на „Ер Форс Уан“.

Путин вчера објави дека Русија успешно ја тестирала својата крстосувачка ракета „Буревестник“ со нуклеарен погон, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да избегне секаков одбранбен систем, и дека ќе започне со распоредување на оружјето. Американците ја нарекоа ракетата „летачки Чернобил“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

C +

Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

C +

Путин се пофали со „летачкиот Чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

C +