Centar.mk
СВЕТ

Трамп подложен на преглед со магнетна резонанција: „Беше совршено“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанција, без да каже зошто.

„Беше совршено“, им рече тој на новинарите во авионот „ер форс уан“ на пат кон Токио.

Магнетната резонанција користи магнети и радиобранови за да создаде детаљни слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење голем број состојби.

Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската процена, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.

Во јули Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел на нозете и модринки на десната рака откога фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ВО ЕВРОПА ПОД ПРАШАЊЕ – НАТО и Пентагон разговараат за можно прераспоредување

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ВО ОДЕСА – Четворица загинати во руски напад, нови информации за жртвите

ДЕСК

ЗЕЛЕНСКИ БАРА НОВИ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ – Предложена евакуација на цивили од десет окупирани локации

ДЕСК