Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Ги задолживме управителите и куќните совети итно да спроведат дератизација и дезинсекција во сите станбени објекти

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа состанок со управители на станбени згради и претставници на куќни совети, на кој се разговараше за усвоените кризни мерки за справување со состојбата со сметот.

Управителите добија задолжение од Општината итно да спроведат вонредна дератизација, дезинсекција и дезинфекција во сите станбени објекти кои се под нивна надлежност.

„Се работи за алармантна ситуација. Некои ме критикуваат дека не е моја работа да ги чистам улиците, но не се согласувам, секој од нас треба да даде личен пример, а тоа постојано сум го правел. Секогаш кога имало криза или хаварија, јас и мојот тим сме се вклучувале директно во решавањето на проблемите. И овојпат, со актуелнава криза, го правиме истото,“ изјави Герасимовски.

Тој додаде дека на домаќинствата ќе им бидат доделени големи, бесплатни ќеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат, со насоки до станарите уредно и одговорно да го фрлаат комуналниот смет.

Во меѓувреме, општината спроведе вонредна дератизација на сите 1.980 шахти со сертифициран препарат, а дополнително беше извршена и вонредна дератизација и дезинсекција во сите градинки и училишта на територијата на локалната самоуправа.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК