Четиринаесетгодишно момче е хоспитализирано откако завчера попладне било нападнато од крокодил додека ловело риба на плажата Мјал во далечниот северен Квинсленд, Австралија. Тинејџерот претрпел повреди на ногата и торзото, но неговата состојба е стабилна, потврдија локалните власти, пишува Гардијан.
Инцидентот се случил во Кејп Трибулејшн, мала крајбрежна заедница 140 километри северно од Кернс. Според информациите од Министерството за животна средина, туризам, наука и иновации, момчето ловел риба во вода длабока до бутовите пред нападот.
„Службеник потврди дека раните се конзистентни со напад од крокодил“, изјави портпарол на одделот.
По нападот, тинејџерот бил пренесен во блискиот сместувачки капацитет, каде што гостите и локалното население му пружиле прва помош додека не пристигнале службите за итни случаи. Службениците на Министерството за животна средина веднаш започнале потрага по животното користејќи дронови и чамци со рефлектори, но крокодилот не бил пронајден. Поради инцидентот, на плажата се поставени дополнителни знаци за предупредување од крокодили, покрај веќе постоечките трајни ознаки на сите точки за пристап.
Нападот се случил на почетокот на годишната сезона на парење на крокодилите. Според официјалната веб-страница на Министерството за животна средина, мажјаците крокодили „стануваат особено дрски додека бараат партнер“ во овој период, што значително го зголемува ризикот од агресивно однесување. Во изминатиот месец, во областа Кејп Трибулејшн четири пати биле видени крокодили./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


